Фудбал во Токио: Бразилците го одбранија олимпиското злато

EPA-EFE/JEON HEON-KYUN

Селекцијата на Бразил ја одбрани титулата олимписки шампион откако во финалето на олимпискиот турнир кое се играше во Јокохама ја совлада Шпанија со 2:1 и тоа по продолженијата.

Одлучувачкиот момент кој и ја донесе титулата на Бразил се случи во 108. минута кога Малколм му избега на капитенот на Шпанија, Ваљехо и потоа успеа да го совлада Унаи Симон.

Претходно Бразил поведе во втората минута од судиското продолжение во првиот дел кога по лошата интервенција на шпанската одбрана, Матеус Куња го совлада Симон.

Бразилците можеа да слават и поубедливо доколку Ришарлисон реализираше една од шансите кои ги имаше. Прво во 38. минута не реализира пенал, а потоа во второто полувреме погоди пречка.
Кога не ги искотистија шансите, „кариоките“ беа казнети во 62. минута.  Израмнувачкиот гол го постигна Микел Ојарзабал.

Со голот на Малколм во второто продолжениеа од 15 минути, Бразил ја одбрани титулата освоена на Игрите во Рио де Жанеиро во 2016 година.
Бронзениот медал му припадна на Мексико кој вчера со 3:1 ја совлада Јапонија.

Видео на денот