Фудбалски земјотрес: Мега-ѕвездата Ријана е виновна за шпекулациите дека Кристијано Роналдо е геј?

Фудбалот пред два дена доживеа вистински земјотрес по изјавата на Пјотр Листерман, сопственик на ВИП агенција за запознавање и состанување исклучително меѓу познати лица, дека Кристијано Роналдо е геј и дека врските со девојките се само фарса за очите на јавноста.

Кристијано Роналдо

Листерман тврди и дека му бил платен износ од 100.000 долари за да ја „намести“ врската на Роналдо со Ирина Шајк.

Шокантна изјава: Роналдо сака млади момчиња, добив 100.000 долари за да го запознаам со Ирина Шајк

Но, Пјотр Листерман не е првиот кој излезе во јавноста и зборуваше за сексуалната ориентација на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Шпекулациите дека Роналдо е геј започнаа по објавувањето на заедничка фотографија со музичката ѕвезда Ријана пред седум години по нејзиниот концерт во Мадрид.

Медиумите тогаш пишуваа дека Рири и Роналдо се всушност во тајна љубовна врска, но пејачката ги шокирше сите со нејзината изјава:

Имам многу пријатели кои се геј и ги поддржувам на сите можни начини рече тогаш Ријана.

Роналдо и Ријана/фото: Инстаграм

Две години по изјавата на Ријана од 2013 година, францускиот новинар и водител, Даниел Риоло објави сензационална вест дека Роналдо е во врска со еден од најдобрите кик-боксери на светот, Бадр Хари со кого често оделе на заеднички патувања низ светот.

Роналдо и Бадр Хари/фото:Инстаграм

Риоло оваа шпекулација ја објави на француска телевизија во емисијата „Не пипкајте во спортот“, по што веста беше преземена од голем број таблоиди.

Според Риоло, тогаш фудбалерот на Реал бил вљубен во Хари и често по тренинзите со приватен авион заминувал од Мадрид за Мароко само за да биде со кик-боксерот.

Роналдо и Бадр Хари/фото: Инстаграм

– Роналдо и Бадр Хари не се само пријатели, тие се повеќе од тоа. Роналдо три-четири пати неделно со приватниот авион оди во Мароко само за да се гали со својот пријател – изјави тогаш Риоло во својата емисија.

Кристијано Роналдо со сопругата Џеорџина / Фото: Инстаграм

И францускиот новинар, исто како и Листерман тврдеше дека врските на Роналдо со убавици како Ирина Шајк, Алесија Тедески, Маја Дарвинг, Нурија Бермудез, Летиција Филипи и останатите се само маска, односно фарса за јавноста и за неговите фановите и е одличен трик на неговиот ПР тим.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on


Инаку, иако Кристијано Роналдо не се ожени со ниту една од неговите девојки, тој е татко на четири деца, Кристијано Џуниор, Ева Мариа, Алана Мартина и Матео Роналдо.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот