Фронтменот на „U2“ објави емотивна балада за коронавирусот која ја посвети на цела Италија! (ВИДЕО)

Фронтменот на рок групата „U2“, Боно Вокс, одлучи да ги поддржи Италијанците во нивната борба против коронавирусот.

Боно тоа го направи пишувајќи песна која ја претстави на официјалниот Инстаграм профил на својот бенд, а истата може да се најде и на Јутјуб.

Нумерата го носи називот „Let your love be known“, а пејачот во описот на видеото објави и порака за сите државјани на Италија.

„За сите Италијанци кои ме инспирираа во создавањето на оваа песна, но и за Ирците…за сите оние кои на овој ден, Свети Патрик, не се во идеална ситуација, но продолжуваат да пеат. За докторите, медицинските сестри и за сите оние кои се на првата линија, за вас пееме“, пишува Боно.

Пејачот рече и дека песната ја напишал еден час пред да одлучи да ја сними и да ја објави на Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот