Фронтменот на „Iron Maiden“ по три децении брак ја остави сопругата за 15 години помлада обожвателка (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Фронтменот на легендарниот хеви-метал бенд „Iron Maiden“, Брус Дикинсон (61), поради својата 15 години помлада обожвателка може да остане без добар дел од своето богатство.

Имено, музичарот после 30 години брак ја оставил својата сопруга Педи Боуден со која има три деца.  Било откриено дека тој веќе се преселил во станот на новата девојка во Париз, инаку негова голема обожавтелка.

Фото: Инстаграм

Таа се вика Леана Долчи и по професија е фитнес инструктор.

Бракоразводната парница се уште не е покрената, а кога ќе се случи тоа, Брус може да остане без добар дел од своето богатство кое се проценува дека е нешто повеќе од 104 милиони евра.

Фото: Инстаграм

Дека има нова партнерка потврди и тој сам во едно интервју.

– Леана од секогаш била голем фан на „Iron  Maiden“ и ги следеше секаде последниве години. Таа и Брус се зближија случајно, а дури му ги запознала и децата. Педи си заминала во Јужна Америка за да избега од се – пишува „Дејли Мејл“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот