„Фронтиерс“: Древните Маи со векови се труеле со жива

Фото: EPA/Jacinto Kanek

Престижното списание „Фронтиерс“ објави ново истражување за токсичното ниво на загадување со жива кое е откриено на старите археолошки локалитети каде некогаш живееле Маите, нешто што би можело да биде една од причините која влијаела на нивното исчезнување, пренесе РТС.

Уште пред контактот со луѓето од Новиот свет, цивилизацијата на Маите била загадена со големи количини жива. Дури и денес, поради присуството на елементи многу истражувачи мора да носат заштитна опрема за да го зачуваат здравјето.

„Загадувањето со толку големи количини жива обично се поврзува со современи урбани центри и индустриски подрачја“, вели Данкан Кук, геоархеолог од Австралискиот католички универзитет и предводник на студијата која го проучува еколошкото наследство на Маите.

Заедно со тим истражувачи од САД и Велика Британија, Кук анализирал примероци и податоци собрани од 10 локалитети кои потекнуваат од класичниот мајански период.

Споредбата и анализата на земјиштето покажале дека на 7 од 10 локалитети е утврдена концентрација на жива поголема или еднаква на модерните горни граници на токсично ниво.

„Откритијата на жива длабоко во земјиштето и седиментите на древните мајански градови е тешко да се објаснат додека во обѕир не се земат претходните археолошки откритија во регионот кои говорат за тоа дека Маите користеле жива со векови наназад“, истакна Кук.

Во својот чист облик, живата е метал со сјајно сива боја кој се топи на ниски температури и се претвора во густа течност. Живата е супстанца користена да го укрути крзното за шапки, а ги труела нервните системи на занаетчиите кои ги изработувале.

Можеби најпопуларниот облик на жива користен во текот на историјата е живин сулфид, минерал користен како пигмент за добивање силно црвена боја за облека и садови.

Бидејќи Маите биле народ кој бил опседнат со крв, овој минерал претставувал многу повеќе од силно црвена боја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот