Фронтекс привремено ги прекина операциите во Унгарија

Фото: EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Граничната агенција на ЕУ, Фронтекс привремено ги прекина операциите во Унгарија, потврди портпаролот на организацијата, со седиште во Полска.

Потегот следеше затоа што Унгарија продолжи да ги враќа мигрантите во Србија, спротивно на декемвриската одлука на Европскиот суд на правдата, пренесува „Еуобсервер”, додавајќи дека сите прекршувања ги регистрирала невладината организација Хелсиншки комитет за човекови права.

– Раководството на Фронтекс донесе одлука и ќе ги прекине сите активности во Унгарија, рече неименуван претставник на ЕУ.

Хелсиншкиот комитет за човекови права објави дека 4.400 мигранти се вратени во Србија од декември, барајќи од шефот на Фронтекс, Фабрис Лежери, да ги повлече силите на Агенцијата од Унгарија.

Во писмо упатено до Унгарија на почетокот на овој месец се повикува унгарската Влада да одговори зошто го прави тоа, но, како што се наведува, тоа сè уште не е сторено. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот