Фронтекс испрати засилување на грчко – турската граница

Интервенцијата е на барање на Грција, а доаѓа во важен момент за Фронтекс, која сега е ориентирана кон подготовката на постојаниот корпус на европската погранична и крајбрежна стража .

Дополнителни 100 експерти од 22 земји на ЕУ во рамки на операција за брза гранична интервенција ќе бидат испратени како засилување на грчко – турската граница. Ваквата информација ја потврди Агенцијата на ЕУ за контрола на надворешните граници – Фронтекс преку соопштение овјавено на официјалниот сајт.

Оваа оперативна интервенција е на барање на Грција и е важен момент за Фронтекс, која сега е ориентирана кон подготовката на постојаниот корпус на европската погранична и крајбрежна стража, се вели во соопштението на прес службата на агенцијата.

Агенцијата посочува дека претходно во Грција беа распоредени над 500 службеници на Фронтекс, како и 11 пловни објекти, дополнителни два авиони и друга опрема.

Операцијата за оперативна гранична интервенција ќе трае два месеца со можност да биде продолжена во случај да се покаже потреба од тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот