Фрлен солзавец и приведени советници на седница во Будва (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Советниците од новото општинско мнозинство во Будва влегле претходно во зградата на Собранието на Општината Будва, а советниците од Демократскиот фронт биле запрени на главниот влез од приватно обезбедување.

Во општинската зграда во Будва, како што пренесува „Вијести“, за малку ќе дошло до физичка пресметка меѓу советници.

Како што се наведува, советниците од Демократскиот фронт и СНП влегле на седницата закажана од новото мнозинство, по бројните препирања со приватното обезбедување на влезот од зградата.

Во инцидентот приведени се петмина советници – Крсто Раџеновиќ (СНП), Јанко Димиќ, Дејан Божовиќ, Наташа Митровиќ и Џорџе Вујовиќ од Демократски фронт.

Јанко Димиќ претходно рекол дека е фрлен солзавец и дека советниците се избркани надвор.

Советниците од новото општинско мнозинство во Будва влегле претходно во зградата на Собранието на Општината Будва, а советниците од Демократскиот фронт биле запрени на главниот влез од приватно обезбедување.

Според информациите, ниту советниците од ДФ и СНП ниту обезбедувањето од приватна агенција не сакале да покажат легитимација.

И претставниците на медиумите биле повторно запрени на влезот на зградата. Новинарка на „Победа“ насилно била исфрлена од ходникот, а советниците од ДФ скокнале да ја бранат од обезбедувањето.

Собранието на Општина Будва денеска треба да одлучи за избор на ново општинско раководство, по тесното мнозинство советници, предводени од ДПС го сменија градоначалникот Марко Царевиќ и претседателот на локалниот парламент Крсто Радовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот