Фризури со кои ќе заблескате на Денот на вљубените (ФОТО)

Дојде Денот на вљубените. Подготовките за романтичните вечери се веќе во тек. На големо се зборува за облеката, шминката и подароците. Не треба да ја занемарите и фризурата, бидејќи таа ќе го даде печатот на вашиот изглед.

Како да ја направиле својата фризура, без оглед на тоа дали ви е во план романтична вечера со саканиот дома, или можеби ќе одите во некој елитен ресторан, погледнете неколку предлози кои ги издвоивме за вас.

Комбинација пунџа со пуштена коса

Доколку сакате брза и убава фризура, за вас идеална е пунџата во комбинација со пуштена коса. Ваквата фризура е секогаш ефектна и елегантна, а сигурно ќе придонесе и вашиот целокупен изглед да биде без грешка. Вака направената фризура ќе додаде на волумен, нагласувајќи го вашиот профил и има една посебно романтична црта, која е за Денот на вљубените повеќе од посакувана.

принтскрин/Youtube

Рибина коска од страна

Со плетенките никогаш нема да згрешите доколку сакате да постигнете женствен и романтичен изглед. За вљубената жена предлог е рибина коска, бидејќи така вашата коса ќе биде погуста, а може да ја сплетете и од страна, за да биде поелегантна и поефектна. Можете да се одлучите и за класична плетенка. Со оваа фризура нема да останете незабележени.

Ретро бранови

Би сакале да сјаете за Денот на вљубените и доколку сакате вашата фризура да биде другото име за романтика, тогаш нема место за двоумење. Ретро брановите со патец на страна и со изразен профил да бидат вашиот избор! Оваа фризура без сомнение им е омилена на многу жени, бидејќи можете да ја вклопите во различни комбинации – фустани, здолништа, панталони, корсет, комбинезон – едноставно сè доаѓа предвид.

Лежерна ниска пунџа

Уште еден предлог на романтична фризура со која нема да погрешите. Ниската пунџа со неколку издвоени праменчиња и два прамена кои го обиколуваат вашето лице е веќе испробан начин за да изгледате женствено и нежно. Оваа фризура посебно добро се вклопува со ролки и руски јаки и придонесува на вашиот романтичен и младешки изглед.
Каде и да го поминете Денот на вљубените, со вакви фризури ќе изгледате убаво, префинето и елегантно.

Прочитајте и...  Хороскопски знаци кои многу лесно можат да ве исфрлат од животот

Прочитај повеќе

Виц на денот – Дивјаци

Слободен печат

Бизарна исповед на партнерот на Џорџ Мајкл: Кога го најдов мртов, го фотографирав

Слободен печат

Калиопи: Не се чувствував доволно привлечно за да се соблекувам во спотовите

Слободен печат

Екстравагантните страсти на Че Гевара, имал манири на принц, носел беспрекорни униформи и „ролекс“ часовници, бил извонреден јавач, ја сакал Негрита…

Слободен печат

Патрик Стјуард секој ден чита по еден сонет од Шекспир за луѓето во изолација

Слободен печат

Многумина не веруваа дека таа е најубавата жена за 2019 година – Но не е се во изгледот! (ФОТО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Сите тврдат дека Марија Шерифовиќ ја покажа саканата личност – Објави фотографија од автомобил како се држат за раце (ФОТО)

Слободен печат

Приказната на Џо Егзотик го освојува светот – Бизарно добра серија што ќе ја изгледате во еден здив

В. Т.

Браво Џенифер: Погледнете како актерката ја изненади медицинската сестра заболена од коронавирусот! (ВИДЕО)

Слободен печат

УПЛАТЕНИ МИЛИОНИ ДОЛАРИ Ова се познатите личности кои донираа пари во борбата против коронавирусот

Слободен печат

ПРЕПОРАКИ ОД ИЗОЛАЦИЈА: Вежби во домашни услови со Маја Талевска Печников (ВИДЕО)

Јасмина Кантарџиева Димков

Фантазија од вкусови за вашата вечера денес – Подгответе ги овие американски палачинки и уживајте!

Слободен печат