Фризурата во полза на послабо лице, еве која да ја одберете

profimedia

Изборот на бојата и фризурата на косата, но и должината, може да ви помогне да го издолжите вашето „буцмасто“ лице, односно да изгладате визуелно послабо и со издолжено лице.

Должина

Што се однесува на должина на косата, жените со тркалезно лице и со изразена вилица треба да ја избегнат должината на косата до брадата. Оптималната должина на кратки фризури би требало да биде на половина меѓу брадата и рамото, а долга коса – преку рамото па сè до средината на грбот. Се препорачува слоевито шишана коса затоа што ги омекнува цртите на лицето, додека рамната фризура со иста должина лицето го прави тркалезно и побуцамсто.

Шишки

Иако се многу популарни,шишките не се за секого.Професионалните фризери предупредуваат рамни и густи шишки  да избегнуваат жени со четвртасти и тркалезни лица, затоа што тие дополнително го прошируваат лицето. Но, тоа не значи дека треба комплетно да се откажете од шишки. Напротив,степенастите или оние малку подолги шишки, можат да бидат одличен избор.

Патец

Иако фризерите препорачуваат дека косата мора да има природен пад, поигрувањето со патецот е многу важно. Жени со лица во облик на срце и тркалезни лица треба да избегнуваат патец на средината на косата, а да „носат“ фрзура со страничен патец кој визуелно ќе го издолжи лицето. Ако на вашата коса и недостасува волумен, патецот направете го на страна, но на спротивната страна на природната насока на раст на косата.

Боја

Ако сакате да го освежите вашиот изглед и на косата да ѝ дадете димензија, изберете прамени. Сепак, внимавајте да не бидат многу изразени, туку да бидат за нијанса малку посветли од вашата природна боја, односно од остатокот од косата. Играта со сенки го омекнува лицето. Високи и покрупни жени, на пример, би требало да избегнуваат светло- сина боја на косата и да се обидат со потоплите кафени нијанси.

Текстура

И текстурата на косата во голема мера влијае визуелно на изгледот. Рамната, „испеглана“ коса им прилега на жени со издолжени лица. Фризури со волумен се добредојдени за жените со тркалезни лица и визуелно го „слабеат“ лицето. Но, не заборавајте дека со  претерано тапирање и подигнување на косата околу темето, главата изгледа многу поголема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот