Фрижидер кој чини колку една гарсониера! (ФОТО)

Снежана Крстиќ/Ras Srbija

Еден фрижидер со специфичен дизајн, но и цена од 38.000 евра, ги засени експонантите на повеќе од 500 излагачи во 38 земји на саемот за мебел оваа година во Србија.

На Белградскиот саем вчера беше отворен 57 Меѓународен саем за мебел, опрема и внатрешни декорации, а посетителите во текот на наредните 6 дема ќе можат да видат производи на повеќе од 500 дизајнери.

Секако, најголемо внимание привлече убедливо најскапиот експонат – фрижидер со специфичен дизајн и уште поспецифична цена од 38.000 евра.

Снежана Крстиќ/Ras Srbija

Тој успеа да засени огромен број на експонати и секако неговите штанд беше еден од најпосетуваните. Но, кога посетителите ја дознале неговата цена тие можеле само да се сликаат со него, бидејќи нели не секој е спремен да даде толку пари за апарат во домаќинството.

Насликан е со дела на италијанскиот уметник Џанфранк Фиоре, со елементи од средновековна сицилијска традиција. Деликатните цветни мотиви во впечатливи бои, со огнено црвени и портокалови тонови, посетителите ги оставаат без здив, па многумина коментираат како овој експонат ја преминува својата основна функција – уред за разладување храна – и не претставува само технички производ, туку и вистинско уметничко дело.

Снежана Крстиќ/Ras Srbija

Во склоп на проектот за кој без сомнение ќе се зборува во иднина, две куќи креирале цела колекција на домаќински уреди, како тостер, блендер, соковник, аспиратор, со историски мотици, духовности и сицилијански пејзажи.

Снежана Крстиќ/Ras Srbija

Еден таков пример е и блендерот кој чини 730 евра, а тостерот е 615 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот