Fridays For Future Skopje за утре најавува протест против аерозагадувањето

Младинското движење за климатска правда „Петоци за Иднината Скопје” организира протестен собир со централен перформанс – симболично седнување на улицата, кое ќе ја претставува “чекалната” во која се наоѓаат граѓаните додека се донесе решение за секојдневното труење од согорување на отпад.

Во 15 часот утре пред Собранието коалицијата Зелен Фронт ќе одржи протест против аерозагадувањето.
Ќе побараат, како што велат, крај на фарсата која парламентарните партии деновиве им ја сервираат на граѓаните во врска со законот за отпад. Младинското движење за климатска правда “Петоци за Иднината Скопје” организира протестен собир со централен перформанс – симболично седнување на улицата, кое ќе ја претставува “чекалната” во која се наоѓаат граѓаните додека се донесе решение за секојдневното труење од согорување на отпад.
Властите досега не исполнија ниту еден процент од списокот на барања на коалицијата Зелен Фронт, а калкулирањето со законот за отпад, чиј рок за донесување беше крајот на минатата година, само потврдува дека животната средина е на дното на нивната листа на приоритети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот