Фрчкоски нема да биде наш амбасадор во САД?

фрчкоски
Љубомир Фрчкоски / Фото: Архива на „Слободен печат“

Пратеникот Антонио Милошоски на Фејсбук напиша дека Љубомир Фрчкоски не може да добие НАТО безбедносен сертификат и поради тоа не може да замине во САД како наш амбасадор.

– Во следните денови се очекува Владата да го повлече предлогот за номинација на Фрчкоски за македонски амбасадор во Вашингтон. Ова ќе биде последица на реакциите од страна од стратешкиот партнер кои пред неколку дена по дипломатски пат стигнале директно и до Заев, со прашање дали е сигурен дека Фрчкоски би можел да добие НАТО безбедносен сертификат, што е предуслов за размената на строго доверливи информации на највисоко државно ниво? Заев се правдал дека нема детални информации на таа тема за предложениот амбасадор, но дека ќе разговара со Фрчкоски за да му понуди друга функционерска опција, надвор од дипломатијата, напиша Милошоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот