Фрчкоска: Ја однеле Јанева во ДЗР без никаква најава, не и биле овозможени нејзините права

Адвокатката Ирена Фрчкоска, која е дел од одбраната на Катица Јанева, во изјава за Фокус вели дека Јанева била исплашена кога без најава и покана била однесена во Државниот завод за ревизија (ДЗР) на наводен работен состанок.

Адвокатката вели дека на таквиот состанок иако нејзиното присуство не е задолжително, таа била однесена со полиција и не и биле овозможени нејзините права.

-Јанева во знак на револт и била исплашена кога видела јавен обвинител на лице место. За нас е нејасно зошто на наводно работен состанок во Државниот завод за ревизија присуствувал јавен обвинител, вели Фрчкоска.

Јанева пред ревизорите се соблекла по долна облека, дадена и е инекција за смирување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот