Фрчат обвинувања помеѓу легенди на Црвена Звезда

фото: Курир.рс/Драган Кадиќ

Легендата на Црвена Звезда, Дејан Савичевиќ го обвини директорот на „црвено-белите“, Звездан Терзиќ дека е главен виновник за тоа што Црна Гора остана без селектор.

Љубиша Тумбаковиќ непосредно пред да се одигра натпреварот помеѓу Црна Гора и Косово во квалификациите за ЕП 2020 си поднесе оставка од селекторската функција, а на натпреварот не играа ниту двајцата фудбалери на Црвена Звезда, Мирко Иваниќ и Филип Стојковиќ.
Според Савичевиќ, кој е претседател на Фудбалската федерација на Црна Гора, причината за ваквиот потег ја гледа во челникот на белградскиот тим кој вршел притисок, тие да не настапат против Косово.

– Терзиќ фрли атомска бомба на фудбалот во Црна Гора. Ние ќе ги преживееме тие бомби, но тој е еден од главните актери на оваа приказна. Дали му беше страв од навивачите, или од судските предмети против него кои со години се чуваат во фиока? Тој беше еден од клучните луѓе кои вршеа притисок на фудбалерите на Црвена Звезда да не играат, нормално преку навивачите. Дали му беше страв од навивачите или од полицијата и тајните служби… Добро се знае дека тие навивачи се продолжена рака на власта. Еден ден ќе кажам кои луѓе од власта во Србија и тајните служби му велеа на Тумбаковиќ „не играат играчите на Ц. Звезда, се надеваме дека нема да ги издадеш и ти“ – обвинува Савичевиќ.

Одговорот од првиот човек на Црвена Звезда дојде експресно.
– Не го разбирам лудилото на Дејан Савичевиќ и неговото спомнување на моето име, навивачите, тајните служби и власта во Србија, бидејќи се што кажа е лага. Тој пред два месеци знаеше дека Црна Гора ќе игра против Косово и знаеше дека селекторот и пет фудбалери се родени во Србија. Да беше мудар претседател требаше да ги повика и да ги праша дали би имале проблеми доколку би играле против Косово. Зашто Дејан Савичевиќ со ваквите напади се стави во функција на негативната политика кон Србија не ми е јасно но нека му служи на чест – вели Терзиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот