Фрчат ковид-тужби: Владата на Северна Ирска го тужи славниот пејач поради изјавите за коронавирусот

Ван Морисон
Ван Морисон / Фото: EPA/GEORG HOCHMUTH

Министерот за здравство на Северна Ирска, Робин Сван ја тужеше блуз-легендата Ван Морисон за клевета бидејќи пејачот остро ја критикуваше државната здравствена политика во врска со коронавирусот, а на крајот дури и јавно изјави дека Сван е „многу опасен“.

Според неделникот „Сандеј лајф“, кој го објави случајот во неделата, тужбите се однесуваат на настан кој привлече големо медиумско внимание во јуни 2021 година. Тогаш авторот на хитовите „Gloria“ и „Brown-eyed Girl“ на сцената на хотелот „Арена“ во Белфаст скандираше: „Робин Сван е многу опасен“.

Тој им се обрати на своите обожаватели со говор откако концертот на кој требаше да настапи беше откажан во последен момент поради рестриктивните мерки поврзани со пандемијата на ковид-19.

Видеоснимката од неговиот говор ја пренесоа бројни социјални мрежи и медиуми.

Тужбите на Сван вклучуваат уште два други инцидента кои се случија подоцна – едниот поврзан со интервјуто во кое Ван Морисон го нарече Сван „крадец“, а другиот со објавувањето на песната во која се опишува инцидентот во хотелот „Арена“ при што повторно го нарече министерот „опасен“.

– Против Ван Морисон се поднесени тужби, изјави адвокатот на Сван, Пол Твид за „Сандеј лајф“.

Во јануари 2021 година, 76-годишниот пејач роден во Белфаст се закани со суд поради забраната за музика во живо во баровите во Северна Ирска. Тој тогаш тврдеше дека државната политика не се заснова на „ниту на научни, ниту на медицински докази“.

Во август 2020 година, тој предизвика нова контроверзност кога ја осуди, како што рече, „псевдонауката“, која, според него, ја следи пандемијата на коронавирусот.

Следниот месец, тој најави дека ќе издаде три песни во кои го осудува карантинот и „заклучувањето“ бидејќи се тоа го смета за либертицид. Тој, исто така, во тоа време рече дека научниците „пласираат измислени и искривени факти“ за да ги оправдаат ограничувањата на движењето чии робови се граѓаните.

Во интервју за списанието „Ролинг стоунс“, Робин Сван ги нарече песните „бизарни и неодговорни“ и истакна дека се „навистина опасни“ бидејќи „одат рака под рака со следбениците на теориите на заговор“.

Да потсетиме, уште еден славен пејач Ерик Клептон зазема став против мерките за справување со пандемијата – тој во декември зеде учество во песната против „затворањето“ наречена „Stand and Deliver“ на Ван Морисон. Тоа беше една од трите песни на Морисон за протест против мерките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот