Фрчат казни во Франција за неносење маски, околу 44,5 илјади Французи платија по 135 евра

Според министерот за внатрешни работи на Франција Жералд Дарманан, од мај досега „имало казнето 44.429 лица” за непочитување на обврската за носење маска, дело што се казнува со парична казна од 135 евра, јави дописникот на МИА.

-Од излегувањето од карантинот, казнети се 44.429 лица за непочитување на обврската за носење маска, дело што се казнува со парична казна од 135 евра, рече министерот при сослушувањето од сенаторите. Притоа Жералд Дарманан го поздрави фактот што полицијата е „целосно мобилизирана” на француската територија со употреба на „електронски записници” во последните месеци.

За време на неговите воведни зборови пред истражната комисија, што се одржа на затворено место каде маската беше задолжителна, министерот за внатрешни работи исто така беше повикан од сенаторите да ја стави повторно маската орткако ја отстрани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот