ФРАПАНТЕН РАСТ на договорените градежни работи во странство

фото: Курир.рс/Филип Плавичиќ

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-март 2019 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 4.001.194 илјади денари, што е за 415.3 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Во наведениот период, градежната оператива од Република Северна Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 48.065 илјади денари, што е за 81.4 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Големиот пад на вредноста на извршените градежни работи се должи на завршување на градежните активности на објектите во Босна и Херцеговина на крајот од минатата година.

Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Германија.

Вредносните податоци за периодот јануари- март 2019/2018 година се дадени врз база на паритетот 1 американски долар = 53.6887 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот