Франција: „Жолтите елеци“ ја прикажаа полициската бруталност (ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ)

Фото: EPA

Демонстрантите од движењето „Жолтите елеци“, деновиве повторно беа активни во своите протести и се собираа низ улиците на неколку француски градови.

Од друга страна, на Фејсбук се објавувени доста вознемирувачки фотографии, со кои демонстрантите се здобиле во текот на овие протести ширум Франција.

Тие ги објавија овие фотографии на социјалните мрежи сакајќи да ја покажат полициската бруталност, пренесуваат француските медиуми.

Повеќе десетици членови на таканаречените „Жолти елеци“ тврдат дека имаат тешки повреди на лицето и главата, од кои се здобиле на протестите во Париз, откако биле погодени од рачни фрлачи на одбранбени топки, попознати како „Flash-Balls“.

Фото: ЕПА

Полицијата го користи ова оружје во операции при контрола на нереди, затоа што се смета за „помалку смртоносно“ во однос на огненото оружје. Оружјето е направено на тој начин да не продира низ кожата, но сепак има екстремна сила.

Во прилог погледнете ги фотографиите објавени од членовите на таканаречената демонстрантска група „Жолти елеци“:

Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот