„Франс прес“: Најмалку 1.113.136 смртни случаи од ковид-19 во светот, над 41 милион инфицирани лица

Фото: EPA-EFE/Pawel Supernak POLAND OUT

Најмалку 1.133.136 милиони лица во светот до денеска починаа од коронавирусот, 41.304.020 милиони луѓе се заразиле додека најмалку 28.294.600 милиони пациенти се заведени како опоравцени од болеста, се најновите податови до кои дојде агенцијата „Франс прес“.

Бројката на заразени, сепак, не претставува вистинска слика на пандемијата од причина што некои земји ги тестираат само тешките случаи за следење на вирусот, а голем број на сиромашни земји имаат ограничени капацитети за тестови.

Во средата беа регистрирани 6.509 смртни случаи ширум светот и 462.751 новозаболен. Земји со најголем починати пациенти беа САД со 990, Индија со 702 и Бразил со 566. Соединетите Американски Држави се и најпогодени во светот со 222.220 починати и 8.338.387 милиони инфицирани со коронавирусот, според податоци на Универзитетот „Џон Хопкинс“ додека најмалку 3.323.354 милиони лица досега оздравеа.

По САД, по тежина на последиците на пандемијата, следуваат Бразил со 155.403 починати и 5.298.772 милиони заболени луѓе, Индија со 116.616 починати и 7.706.946 милиони инфицирани лица, Мексико со 87.415 починати и 867.559 заразени лица и Велика Британија со 44.158 починати и 789.229 заболени лица.

Меѓу тешко погодените земји се наоѓа и Перу, каде има најмноги починати во однос на бројот на жители – 103 на 100.000, потоа Белгија со 91, Шпанија со 74, Боливија со 73, итн.

Кина, без териториите на Макао и Хонг Конг, регистрира 85.729 заразени лица, вклучувајќи ги и најновите 14, починаа 4.634, а како оздравени се запишани 80.850 лица.

Латинска Америка и Карибите имаат 385.650 починати лица и 10.688.408 заболени, Европа има 256.298 починати и 8.046.830 милиони заразени, САД и Кина имаат 232.043 починати и 8.543.944 милиони инфицирани, Азија има 162.843 починати лица и 9.947.579 милиони заразени, на Блискиот исток има 54.819 починати лица и 2.367.282 милиони заболени, Африка досега забележа 40.473 починати и 1.676.712 милиони заболени, а Океанија – 1.012 починати и 33.674 заболени.

„Франс прес“ дојде до овие бројки преку националните здравствени служби и Светската здравствена организација. Агенцијата нагласи дека дневните податоци може да не одговараат со објавените податоци од претходниот ден од причина што властите вршат корекции на податоците или доцнат со нивната објава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот