„Франс фудбал“ шокира: Роналдо и Меси во страстен бакнеж

EPA-EFE/ANDY RAIN

Двајцата најдобри фудбалери на светот, Кристијано Роналдо и Лионел Меси многупати биле на насловните страници во пишаните и електронските медиуми, но „Франс фудбал“ во последното издание се надмина себеси.

Имено францускиот магазин го искористи цртежот на уличниот уметник со псевдоним Твбој кој пред две години, неколку дена пред Ел класико во центарот на Барселона ги нацрта Меси и Роналдо како се бакнуваат.

Познатата илустрација „Франс фудбал“ ја искористи како најава на темата на бројот: Борба за тронот на најдобриот фудбалер на светот за која зборуваат легенди како Христо Стоичков, Жан-Пјер Папен, Џејми Карагер, Арјен Робен, Стефано Тардели и Филип Лам.

Португалецот за разлика од 2017 година не игра во Реал Мадрид, туку е член на Јувентус, клубот чиј дрес е идентичен како тој на илустрацијата. Уличниот уметник се одлучи да не ги наслика во жар на борба, туку како уживаат во страстен бакнеж.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот