Франкофонска вечер во Кисела Вода

По повод Меѓународниот ден на Франкофонијата во Кисела Вода се одржа франкофонска вечер, насловена „На француски, ве молам”, при што ученици од повеќе скопски основни училишта пред присутните изведоа прекрасни бројни ритмички и музички точки, интерпретираа познати француски шансони, а читаа и литературни дела на француски јазик, соопштија од Општина Кисела Вода.

Културната манифестација ја проследија и градоначалникот Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ, амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија, Кристијан Тимоние, и јазичното аташе за развој на францускиот јазик при Францускиот институт во Скопје, Љупка Димова. 

Нашата држава на 28 септември, 2006 година, за време на Самитот на Франкофонијата што се одржа во Букурешт, Романија стана полноправна членка на Меѓународната организација на Франкофонијата. Франкофонијата ги застапува вредностите кои соодвествуваат со европските определби: залагање за мир во светот, човекови права, демократија, поддршка на образованието, науката и истражувањето, млади и спорт, афирмација и заштита на културната и јазичната разновидност и солидарност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот