Франкфуртска ексклузива: Lamborghini Sian oд 3.3 милиони евра (ФОТО+ВИДЕО)

Италијанскиот производител на авто-саемот во Франкфурт го претстави Sian – својот прв хибриден модел. Во срцето на погонскиот систем се наоѓа атмосферски 6.5-литарски V12 мотор кој се користи и во Aventador SVJ каде произведува 770 коњски сили.

Во Sian овој агрегат е поврзан со 48-волтен „благ“ хибриден систем со што на овој автомобил му овозможува да располага со дури 819 КС (602 kW). На тој начин овој модел стана најмоќниот продукциски „Ламбо“ во историјата.

Моќта се пренесува на сите 4 тркала, а автомобилот од место до „стотка“ стигнува за 2,8 секунди, што е во ранг на Aventador SVJ. Максималната брзина е 350 км/ч. Lamborghini се пофали и дека Sian забрзува од 30 до 60 km/h за само 0,2 секунди, a oд 70 дo 120 км/ч за само 1,2 секунди.

Италијанскиот производител планира ограничена серија од 63 возила, а почетната цена на еден примерок изнесува дури 3.3 милиони евра. Вака високата сума сепак не беше пречка сите 63 автомобили да бидат продадени и пред официјалната премиера.

[foogallery id=”81811″]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот