Французите со понуда за „романтичарот“ Тошевски

фото: фејсбук

Како што пренесува францускиот веб портал „lepetitlillois.com“, екипата на Лил која настапува во најсилната „Лига 1“ има понуда за играч на Работнички.

Станува збор за 18-годишниот Давид Тошевски за чии услуги Лил нуди 500.000 илјади евра.

Воедно дека уште неколку клубови ја следат ситуацијата со македонскиот фудбалер кој потврди за истиот извор дека сè уште не ја донел одлуката за својата иднина.

Сезоната во француското првенство предвреме заврши поради пандемијата на Ковид-19, а Лил се наоѓаше на четвртото место на табелата.

Во „Лига 1“ веќе настапува еден наш интернационалец, тоа е Влатко Стојановски кој ги брани боите на Ним.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот