Французите со планот на ЕХФ сакаат да го „елиминираат“ Вардар од ЛШ!?

EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

ПСЖ, Барселона, Кил и Веспрем на македонскиот репрезентативец Дејан Манасков би биле автоматски сместени во борбата за трофејот во ракометната Лига на шампионите.

Како што пренесува еден од најпознатите француски веб портали „Л`Екип“, од Европската ракометна федерација се разгледува опцијата автоматски да ги одреди четирите екипи учесници на Ф4 турнирот во Келн (Германија) за сезоната 2019/20 доколку не се одиграат осминафиналните и четвртфиналните натпревари од ЛШ поради пандемијата на коронавирусот.

Изворот вели дека поради пандемијата тешко е за верување дека Фајнал-фор турнирот може да се одржи во јуни. Под знак прашалник е дури е дали истиот би бил во текот на летниот период (22/23 август), но очигледно се инсистира да се органира најголемиот ракометен спектакл за оваа сезона.

ЕХФ информираше за контроверзниот план како што го дефинира „Л`Екип“ да се играат осминафиналните и четвртфиналните дуели во јуни, потсетување дека актуелен европски шампион е Вардар кој во осминафиналето за ривал го доби унгарскиот Пик Сегед.

Но, според информациите на „Л`Екип“, од ЕХФ имаат „план Б“ дека е невозможно да се играат средбите од тие фази, па затоа се разгледува опцијата првопласираните и второпласираните од завршените групи „А“ и „Б“ директно се квалификуваат за Ф4 турнирот во Келн.

Тоа значи дека екипите на ПСЖ, Барселона, Кил и Веспрем на македонскиот репрезентативец Дејан Манасков би биле автоматски сместени во борбата за трофејот.

Французите и на репрезентативно ниво сакаат по скратен пат да обезбедат настап на наредниот Мундијал кој што треба да се одржи во Египет наредната година.

Потсетување дека токму нашата репрезентација е противник на Франција во бараж двомечот за пласман на Светското првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот