Французите сакаат без борба да ја елиминираат Македонија

фото: men2020.ehf-euro.com/Axel Heimken

Ракометната федерација на Франција најави дека нема намера да им дозволи на двете репрезентации, машката и женската, да ги играат бараж натпреварите за големи натпреварувњаги за да не го ризикува здравјето на своите ракометари и ракометарки кога во светот владее пандемија на коронавирус.

Машката ракометна репрезентација во баражот за пласман на СП 2021 во Египет треба да игра токму против Македонија, но Французите бараат да не се одиграат натпреварите и тие да обезбедат пласман на ракометниот мундијал.

Предлогот на „триколорите“ е пласман на СП во Египет да обезбедат најдобрите 14. репрезентации од Европското првенство кое се одржа на почетокот од годинава. На него Македонија заврши на 15. позиција, а Франција беше 14. и токму затоа Французите инсистираат на нивниот предлог.

Немаме намера да ги испраќаме нашите репрезентации да играат на лето, без претходно ракометарите да немаат ниту еден официјален натпревар за своите екипи – изјави функционер на ракометната федерација на Франција.

За очекување е предлогот на Франција да не наиде на добар прием кај сите земји посебно кај оние чии репрезентации кои не се носители во баражот, меѓу кои е и Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот