Французите откриле нов вирус: Го шират комарци, а едно лице почина

Француските научници идентификувале нов вирус во болница во Париз користејќи ја истата техника со која бил откриен коронавирусот, пренесува Индекс.хр.

Иако научниците предупредуваат дека нема причина за загриженост дека тој нов вирус ќе предизвика слична здравствена криза како Ковид-19, јавноста сепак е загрижена.

Вирусот е откриен кај 58-годишна жена која умрела од енцефалитис и е наречен „Цристоли вирус“, по париското предградие каде бил идентификуван.

Начниците велат дека е прерано за заклучоци за што се е тој вирус одговорен, бидејќи починатата имала неколку болести.

„Се работи за личност со слаб имунитет, тешко болна и пред појавата на енцефалитис“, рекол професорот Жан Мишел Павлотски, шеф за медицинска биологија во болницата Хенри-Мондор, каде вирусот бил откриен.

„Во овој момент на нас ни е познат само тој еден случај. Ако во иднина има повеќе, секако ќе имаме појасна претстава за тоа каква е клиничката слика поврзана со тој вирус“, дополнил професорот.

Тој појаснил дека новиот вирус е од видот кој обично го шират комарците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот