Французите најмногу веруваат во своите градоначалници, иако мнозинството смета дека политичарите се „исклучени од реалноста”

epa08941745 People walk under the snow in Trocadero square with the Eiffel Tower in the background, in Paris, France, 16 January 2021. EPA-EFE/Mohammed Badra

Довербата на Французите во својот градоначалник, своите регионални советници и сродни институции се зголеми во 2020 година според годишниот барометар на Цевипоф (центарот за истражување на Политчки науки). Според испитувањето, тие имаат поголема доверба во своите избрани претставници, особено оние блиски до нив, дури и ако сметаат дека тие се „исклучени од реалноста” и сè поброојни се тие кои бараат од нив заштита, особено во прашањата за миграција, јави дописникот на МИА.

Околу 65 отсто од Французите имаат доверба во својот градоначалник (+2 поени), 51 отсто во нивните регионални советници (+7 поени), 50 отсто во своите општи или департмански советници (+5 поени) и довербата во поврзаните институции е исто така расте , се вели во истражувањето на ОпинионВеј за Цевипоф, со поддршка на три тинк-тенк (Институт Монтењ, Фондација Жан Ќорес, Фондација за политички иновации) и Цезе.

Од друга страна, само 44 отсто му веруваат на својот пратеник и 37 отсто отсто на актуелниот претседател на Република, но овие стапки се зголемуваат за 7 поени во споредба со последното истражување од февруари 2020 година. Нивото на доверба исто така се зголемува во овој поглед што се однесува на владата (+8 до 35 отсто) и Европската унија (+6 до 42 отсто). Французите најмногу имаат доверба во медицинскиот персонал (85 отсто) и науката (78 отсто). Сепак, само 16 отсто (+3 поени) од Французите им веруваат на политичките партии и 28 отсто на медиумите (=).

Сепак, 80 отсто од испитаните Французи сметаат дека политичарите не се грижат за нивното мислење, дека „зборуваат премногу и не делуваат доволно” (74 отсто) и „се исклучени од реалноста” (70 отсто). Французите се побројни (44%, +6 поени) што сметаат дека е потребно „да се заштити земјата повеќе” отколку „да се отвори” (19 отсто, -4 поени), особено на миграцискиот план, но 34 отсто не размислуваат ни за едното ни за другото(-3 поени). Околу 60 отсто од Французите сè уште мислат дека „има премногу имигранти”, а 62 отсто дека „Исламот е закана за Република”.

Меѓу испитаните Французи 31% се позиционираат десно (+3 поени), 19 отсто лево (+1 поен), 17 отсто во центарот (-2 поени), 7 отсто крајно десно (-2 поени) и 5 отсто крајно лево (+1 точка). Дури 84 отсто (+9 поени) сметаат дека демократскиот систем е добар начин за управување, иако 55 отсто сметаат дека тој функционира „не многу добро”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот