Французите ќе загубат до 200 милиони евра, тоа е смешно во однос на англиските клубови

фото: твитер

Поради откажувањето на сезоната, најквалитетната француска фудбалска лига ќе загуби до 200 милиони евра од ТВ права.

Како што е веќе познато, фудбалската „Лига 1“ нема да се одигра до крајот по денешната одлука на француската влада.

Воедно е откриена финансиската загуба поради ваквата одлука, според „Calcio e Finanza“ најквалитетната француска фудбалска лига ќе загуби до 200 милиони евра од ТВ права, а секако оваа загуба нема да биде помала од 100 милиони евра.

Ова не е толку драматично како во Англија каде загубите се проценуваат на околу 860 милиони.

Клубовите исто така ќе загубат свој дел од „колачот“ врз основа на неисполнети договори за ТВ-преноси.

Но, дури и оваа загуба нема да биде толку голема во однос на англиските фудбалски клубови.

За споредба, ПСЖ, двократниот последователен шампион на Франција до оваа сезона и најдоминантниот клуб во последните десет години, заработи околу 57 милиони евра од ТВ-права во сезоната 2018/2019.

Од друга страна, на пример во Англија, еден не толку познат Хадерсфилд, кој таа сезона испадна во понизок ранг, на иста основа собра дури 111 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот