Французите ја разбраа сериозноста на состојбата, уверува францускиот министер за здравство

Фото: EPA-EFE/MANUEL BRUQUE

Францускиот министер за здравство Оливие Веран оцени дека граѓаните ја разбрале сериозната состојба во која се наоѓа нивната земја, ова при првиот ден од целосната забрана за непотребно движење, што очигледно се почитува, јави дописникот на МИА.

– Мислам дека Французите ја разбраа сериозната состојба во нашата земја – рече министерот за здравство Оливие Веран, уверувајќи дека „секое болно лице (од коронавирусот,) ќе се лекува“.
„Имаме за цел да бидеме во контакт со максимум пет лица на ден. (…) За осум, 10 или 12 дена, ќе може да забележиме дали се намалува бројот на заболените“, додаде тој.

Пазарите „каде гледаме турканици и има многу тезги ќе бидат затворени“, најави притоа министерот за здравство. Според него единствено пазарите на кои се продава храна ќе можат да продолжат со работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот