Французинот е прескап дури и за нив, Сити се откажа од Мбапе

Прашање е дали Мбапе ова лето или во 2022 година ќе се пресели во Реал/Фото: EPA-EFE/ALBERTO ESTEVEZ

Иако се наоѓа на листата на желби за сите големи фудбалски екипи, Килијан Мбапе за многумина ќе остане само желба.
Гигантите еден по еден се откажуваат од евентуалниот трансфер, а последен кој го стори тоа е Манчестер сити. Менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола ја започна потрагата по наследник на Серхио Агуеро кој ќе си замине по завршување на сезоната и изборот падна на напаѓачот на ПСЖ.
Челниците на Манчестер сити беа подготвени да платат 200 милиони евра обесштетување, сума која ја бара ПСЖ, но проблем претставуваат барањата на Килијан Мбапе кој бара дури 36 милиони евра по сезона.

„Манчестер сити нема намета за никого, па дури и кога станува збор за Мбапе, да ја менува клупската политика и да ги преплатува играчите. Платата на Мбапе би ја нарушила хармонијата во соблекувалните, и многу дури играчи на Сити би можеле да бараат поголеми плати. Ангажманот на Мбапе ќе предизвика верижна реакција и Сити тоа не го сака“, пишува „Атлетик“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот