Французин казнет бидејќи за време на карантин излегол да претепа некого

Французин кој за време на викендот излегол со уредна пишана потврда за напуштање на домот, како што е пропишано заради карантинот, е казнет со неколку стотици евра, бидејќи причината за неговото излегување била да претепа некого.

Мажот кој има 39 години се криел позади автомобил на железничката станица во Лањон, мало место во западна Франција во 01 часот после полноќ кога полициската патрола го забележала.

„Рече дека чека некого за да го претепа“, наведе командантот на локалната полиција и додаде дека тој со себе носел некој вид на алатка со острица.

Командантот на полицијата рекол дека мажот имал уредна пишана потврда за излегување со точното време на напуштање на домот, но како причина на жаргонски јазик навел дека „оди да му ја разбие муцката на некого“.

Осомничениот набргу бил приведен бидејќи бил во пијана состојба. Тој следниот ден излегол трезен со казна од 135 евра заради потврда за причина за напуштање на домот која не е валидна. Тој добил уште една казна од 150 евра заради пијанство на јавно место.

Полицијата додаде дека неговиот случај се уште не е решен бидејќи мора да одговара и за поседување на ладно оружје.

Според карантинот кој е на сила заради епидемијата на коронавирусот, Французите можат да излезат од дома не подолго од еден час, да одат во продавница или на работа. Тие мораат со себе да имаат пишана потврда. Казната за излегување без потврда е 135 евра.

Извор: Бета.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот