ФРАНЦУЗИ ИЗМАМЕНИ НА ХВАР: Изнајмиле луксузна вила од 6.420 евра, па останале на улица! (ВИДЕО)

Девојка од Франција, заедно со своите 9 пријатели, изнајмила вила на Хвар за 6.420 евра.

Меѓутоа, кога на 18-ти август пристигнале на одмор, ги дочекало непријатно изненадување – наместо убава вила во која ќе се одморат, ги дочекал ископан пат и неколку камиони и багери.

„На вратата на пустошот откако дојдовме на адресата која ја добивме преку “Booking”… По пет часа разговор со корисничката служба, никаква помош”, напишала Французинката Џули во описот од видеото кое го објавила на својот Твитер профил.


Тие ја изнајмиле непостоечката вила преку сајтот.

„Вилата за 10 лица која ја плативме 6.420 евра е измама. Откако ја исконтактиравме корисничката служба на „Booking“, нѝ понудија да нѝ ги вратат парите во рок од 10 дена или да букираат друга вила на наш трошок. Така се најдовме во Сплит без сместување и без решение за проблемот“, напишала Џули и додала дека е невозможно сајтот да не бил запознаен со измамата бидејќи, како што тврди таа, веќе неколку луѓе биле измамени на истиот начин.

Од „Booking“ нѝ кажаа дека не е нивен проблем што спиеме надвор”, додала таа.

Од „Booking“ сè уште се немаат изјаснето по повод ваквиот инцидент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот