Француското обвинителство побара да им се суди на девет лица за терористичкиот напад во Ница во 2016 година

Француското Национално обвинителство за борба против тероризмот побара да им се суди на девет лица пред кривичен суд,  во рамките на судската истрага отворена по терористичкиот напад во Ница во 2016 година, јави дописникот на МИА.

Четворица од нив се обвинети за злосторничко терористичко здружување (Мохамед Г., Чокри В., Хамди З. и Рамзи А.).

На 14 јули 2016 година во Ница 31-годишен Тунижанец, Мохамед Лахуеј-Бухел со камион влета во насобраниот народ, при што уби 86 лица, меѓу кои деца, цели семејства и странски туристи, пред да биде застрелан од полицијата. Судењето ќе се фокусира дали роднините знаеле за неговиот терористички план и дали му помогнале во неговото извршување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот