Француско НВО ја осудува „нетранспарентноста” на властите во однос на одржувањето јавен ред

Фото: EPA

Според здружението, „не се објавуваат исцрпни податоци за бројот на користеното оружје”, а пред сè „влегувањето во употреба на ново оружје не е предмет на никаква комуникација со населението и нема никаква јавна рамка за употреба “.

Нетранспарентност за опасноста на оружјето, бројот на повредени или правните последици: здружението Акција на христијаните за укинување на тортурата (Акат) во својот извештај го осуди  „недостигот на транспарентност” на надлежните во однос на одржувањето јавен ред, јави дописникот на МИА.

Студијата на Акат, почната во ноември 2018 година на почетокот на движењето на „жолтите елеци” и објавена денеска, го осудува „владеењето на нетранспарентност ” на властите за контроверзната употреба на сила за време на овие демонстрации. Употребата на фрлачи на одбранбени топки (ЛБД), чии истрели ослепиле 24 демонстранти, исто така беше предмет на силни критики, кои доаѓаат од левичарските партии, здруженија или бранителите на правата.

Според здружението, „не се објавуваат исцрпни податоци за бројот на користеното оружје”, а пред сè „влегувањето во употреба на ново оружје не е предмет на никаква комуникација со населението и нема никаква јавна рамка за употреба “. „Ова е сè поопасно бидејќи неколку оружја се всушност поопасни од она што го наведува Министерството за внатрешни работи”, се вели во извештајот, што особено се однесува на гранатите користени за да се одвратат демонстрантите.

Во јануари, Министерството за внатрешни работи одлучи да ги повлече гранатите со солзавец ГЛИ – Ф4 обвинети за предизвикување осакатување кај демонстрантите, и да ги замени со ГМ2Л, иако и тие се исто толку „контроверзни” според Акат . Денеска, Акат бара „транспарентност за опасноста” на овие оружја за спроведување на законот и бара суспендирање на ГМ2Л и ГМД гранати” во очекување на целосна студија за овие оружја.

Во извештајот се оценува и „недостигот на транспарентност” за бројот на повредени, „редовно потценети”, според Акат.

-Ние, исто така, споделуваме значителна загриженост во врска со проблемите со идентификација на засегнатите агенти, од кои некои не се во согласност со обврската да го носат нивниот матичен број, осудува Марион Гемас, шеф за полициската програма во Акат.

-Ниту една информација не се соопштува за легалното следење на жалбите за нелегитимно полициско насилство, потврдува организацијата.

Според бројки соопштени од премиерот Едуард Филип, на 21 јануари биле отворени 360 судски истраги за сомневања за полициско насилство за време на демонстрациите и 230 од нив биле затворени и испратени пред лицето на правдата. Двајца полицајци, исто така, беа осудени на условни затворски казни во декември за насилство врз демонстрантите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот