Француско државјанство по експресен пат за странски медицински работници

EPA-EFE

Франција ќе ги награди странските здравствени работниви и други странци кои работат на првата линија во борбата со пандемијата со Ковид-19 со тоа штоќе им обезбеди државјанство по брза процедура за оние кои ќе побараат.

Според Упатствата од Министерството за внатрешни работи, регионалните претставници мора да дадат предност на апликации за државјанство на странци кои се активно вклучени во националните напори против епидемијата во која има речиси 31.000 смртни случаи во Франција.

Упатствата велат дека странците кои се посветени и смели во своите напори против коронавирусот можат да добијат државјанство за две години наместо вообичаените пет заради нивните значајни услуги кон државата.

Во документите се посочени посебно здравствените работници. Во упатствата не се споменува колку луѓе би можеле да имаат корист од ова решение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот