Француските специјалци ги отстранија каталонските демонстранти кои блокираа важна сообраќајница

Фото: EPA-EFE/DAVID BORRAT

Француските специјални полициски сили утринава од границата со Шпанија растераа повеќе стотици каталонски сепаратистички демонстранти, кои речиси 24 часа ја блокираа главната сообраќајница која ги поврзува овој шпански регион со Франција.

Полицијата на француската страна од границата ги потисна демонстрантите на шпанската страна, во местото Ла Џункера, и ги отстрани остатоците од автопатот АП-7, главниот пат од Франција до јужна Шпанија, што беше бликиран во двата правца.

Автомобилите и камионите од вчера беа пренасочувани на вториот, помал пат, кога демонстрантите ја кренаа бетонската блокада на автопатот и подготвија бина за концерти, јавија британските медиуми.

Запрашан што каталонската полиција ќе направи со демонстрантите кои од Франција се вратени назад преку границата, лидерот на каталонската Влада кажа дека нема причина за покренување обвиненија.

-Замоливме оваа операција да се изведе исклучително внимателно, за никој да не биде повреден – изјави тој за каталонското радио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот