Француските научници ќе почнат испитување за да го тестираат влијанието на никотинот врз коронавирусот

Француските научници ќе почнат испитување врз луѓе со цел да ја тестираат претпоставката дека никотинот може да помогне во броба со новиот коронавирус.

Испитувањето ќе биде спроведено врз група здравствени работници и пациенти, кои ќе носат никотински фластери, како и врз група луѓе кои ќе добијат плацебо фластери.

Тестирањето треба да открие дали постои разлика во реакцијата на нивните тела на Ковид-19.

Испитувањето е продолжение на француската научна студија објавена претходно, во која се тврди дека пушачите имаат 80 отсто помали шанси да се заразат со новиот коронавирус од непушачите на иста возраст.

Научниците истакнуваат дека ќе се испитува влијанието на никотинот, а не на тутунот и цигарите, кои се штетни по здравјето на човекот. Никотинот е природен алкалоид, што се наоѓа во тутунот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот