Француските медиуми го нарекуваат Вардар машина за правење чуда!

Фото: Слободен Печат/Драган Митрески

Иако ниту еден француски клуб не се најде во самата завршница од Лигата на шампионите оваа година, сепак француските медиуми ја проследија втората историска титула на РК Вардар.

ХандЊуз насловува „Вардар, машина за чуда”, по втор пат за три години, Вардар победува во Лигата на шампионите. Успех понесен со храброст и срце.

-Тоа што го прават е неверојатно”, објаснува Кантан Махе, единствениот француски ракометар кој играше во финалето. Момците, како што вели тој, „се како машини, тие никогаш не затреперија, па дури и кога ги стигнавме. Почит кон нив”.

Еуроспорт насловува „Вардар уште еднаш, Везпрем не успева сé уште”. Според спортскиот тв канал, Вардар за два дена направи две изненадувања – првото елиминацијата на Барселона, втората победата над унгарците, два натпревари во кои фаворити беа неговите противници. Вардар ги изигра сите прогнози.

Бројни се и другите текстови посветени на триумфот на шампионот Вардар, кој се качи на врвот на Европа. Но откако францускиот печат го поздрави триумфот на Вардар, пишуваше и за расистичките испади на неговите навивачи на прославата на плоштадот во Скопје.

Што е необично за „ Л’Екип”, кој е весник посветен на спортот исто како и „Либерасион” дава и мало политичко потсетување за поновата историја на Северна Македонија и актуелните односи во општеството.

Во извештајот од прославата во Скопје, двата париски весници го пренесуваат повикот на Министерството за внатрешни работи кое побара да се воздржат навивачите од навредливи слогани.

Само на крајот од извештајот од Скопје се забележува дека вардаровото крунисување предизвикало сцена од радост во Скопје, каде концертот на Стинг мораше да биде одложен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот