Францускиот суд побара нова медицинска експертиза за смртта на Адама Траоре

Досега се направени две судски експертизи во Франција и нивните заклучоци се различни.

Француските истражни судии нарачаа нова медицинска експертиза за смртта на Адама Траоре, за што постојат сомневања за евентуално полициско насилство, јави дописникот на МИА.

Траoре почина во 2016 година по неговото апсење од жандармите и се претвори во симбол на борбата против полициското насилство во Франција.

Нова медицинска експертиза е нарачана по сослушувањето на сведокот, кај кого Траоре се засолни на денот на неговото апсење.

– По сослушувањето од страна на истражните судии на 2 јули на сведокот, кај кого се засолни Адама Траоре, истражните судии одлучија, да наредат нова медицинска експертиза која им е доверена на белгиските лекари , изјавија адвокатите.

Досега се направени две судски експертизи во Франција и нивните заклучоци се различни.

По смртта на Џорџ Флојд и антирасистичките демонстрации ширум целиот свет, сестрата на Траоре организира протести за време на мерките на изолација во Париз, на кои учествуваа илјадници лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот