Францускиот Сенат се залага за изградба на нов носач на авиони на нуклеарен погон

Во извештајот на Сенатот се утврдува дека не постои пречка за употреба на електромагнетни катапулти.

Францускиот Сенат смета дека е потребно забрзување на календарот за изградба на нов носач на авиони, наследник на ноасачот на авиони „Шарл де Гол”. Во извештајот на Сенатот, исто така, се предлага името на носачот од новата генерација да го изберат младите на конкурс, јави дописникот на МИА.

-Прашањето за носач на авиони од новата генерација е од суштинско значење за иднината на улогата на Франција во светот, за европската одбрана и за француско-британската соработка, затоа што ќе биде неопходна меѓусебна соработка, рече Кристијан Камбон, претседател на Комисијата за надворешни работи, одбрана и вооружени сили.

Известувачите Оливие Циголоти и Жилберт Роже во нивниот извештај оценуваат дека носачот на авиони е незаменлив фактор на стратешка автономија.

Поради идниот воздушен борбен систем носачот на авиони ќе треба да биде масивен. Поради оваа големина, автономијата и потребната флексибилност, Сенатот смета дека тој треба да биде на нуклеарно погон.

Во извештајот на Сенатот се утврдува дека не постои пречка за употреба на електромагнетни катапулти.

Сенаторите сметаат дека компонентата „човечки ресурси” е суштинска димензија на проектот. „Шарл де Гол” нуди услови за живеење несоодветни за своето време, што е прикажано со заразата на екипажот со Ковид-19. Главната предност на носачот на авиони е неговата екипа, а планираното намалување од 10 отсто во бројот на персоналот за сенаторите е максимум.

Во извештајот се проценува дека носачот на авиони годишно државата ќе ја чини 450 милиони евра или 1,5 отсто од буџетот за одбрана и 0,02 отсто од БДП (во текот на најмалку 10 години).

„Шарл де Гол” може да продолжи да функционира и по 2038 година, по внимателна проверка на нуклеарната безбедност и безбедносните прашања.

Доколку европскиот носач на авиони не изгледа веродостојна цел за момент, во извештајот се смета дека европска поморско воздушна група е веродостојна. Тоа, според сенаторите ќе го охрабри појавувањето на заедничка европска стратешка култура.

По 18-те месеци истражувања за носачот на авиони од новата генерација, предлогот со досието сега е во рацете претседателот на Франција. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот