Францускиот претседател и првата дама само на гардероба трошат околу 6.000 евра месечно! – Слободен печат
ВестиПланета

Францускиот претседател и првата дама само на гардероба трошат околу 6.000 евра месечно!

Трудот кој го вложуваат во својот изглед, според најновите сознанија, ги чини навистина многу даночните обврзници во Франција.

Францускиот претседател Емануел Макрон и првата дама Брижит се познати како пар кој секогаш држи до својот стил на облекување.

Трудот кој го вложуваат во својот изглед, според најновите сознанија, ги чини навистина многу даночните обврзници во Франција.

Француските медиуми пишуваат дека облеката на Макрон и Брижит ја чини Франција 5.200 евра месечно.

Интересен е фактот дека од пресметките се издвојуваат 278.750 евра годишно за стилот и изгледот на првата дама, Брижит Макрон, додека нејзиниот сопруг Емануел, троши многу повеќе, 440.000 евра годишно за истите потреби.

Претседателскиот пар на располагање имаат личен фриезер и шминкер кои мораат постојано да им бидат на располагање, а посебно во време на важни посети.

Тие специјално се грижат за француската дама секогаш да има уредна фризура.

– Секогаш вложував многу труд во својот иглед, прашајте ги затоа само моите деца или ученици. Никогаш не излегував од дома без внимателно одбрана модна комбинација и фризура – призна во една прилика првата француска дама за француските медиуми.

Податоците дека вака голема количина на пари се одделува за стилот и надворешниот изглед на претседателот и неговата сопруга, ги разлути француските даночни обврзници, чија минимална плата изнесува околу 1.500 евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close