Францускиот премиер Кастекс најави 7,5 милијарди евра за зголемување на платите за вработените во болниците

Фото: EPA-EFE/GONZALO FUENTES / POOL MAXPPP OUT

Новиот француски премиер Жан Кастекс изјави синоќа дека неговата Влада ќе издвои 7,5 милијарди евра за зголемување на платите на вработените во болниците.

„Инсистирав работните места да бидат во центарот на разговорите”, објави Кастекс на Твитер по разговори со синдикатите, болнички работници и владата, што почнаа пред реконструкцијата на владата во понеделникот.

Иако Франција има еден од најдобрите здравствени системи во светот, вработените во болниците  бараа повеќе пари, работни места и опрема во последните десет години со цел подобро да се одговори на потребите.

Пандемијата на коронавирусот уште повеќе го оптерети системот, а болниците беа на работ на заситеност во оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот