Францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ има 50 случаи на заразени со коронавирус

Фото: МИА

На францускиот носач на авиони „Шарл де Гол” има регистрирано 50 случаи на заразени со новиот коронавирус, соопштија властите.

Тројца морнари се евакуирани „како превентивна мерка”. Направени биле 66 тестови врз морнари од бродот.

Ниту еден од 50-те членови на екипажот што се позитивни на Ковид-19 досега не е во „критична состојба”, се вели во соопштение.

Потеклото на заразата на бродот се уште не е утврдено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот