Францускиот научен комитет предупредува: Многу е веројатна појава на уште еден бран на коронавирус наесен или во зима

Францускиот научен комитет предупреди денеска дека е „многу веројатно” појава на уште еден бран на новиот коронавирус наесен или во зима.

„Франција ја има ситуацијата под контрола, но неизвесна е, со оглед на зголемената циркулација на вирусот ова лето. Краткорочната иднина на пандемијата е главно во рацете на населението”, се вели во соопштението на научниот комитет објавен на веб-страницата на Министерството за здравство.

Тие предупредуваат дека во секој момент Франција би можела да влезе во сценарио што е помалку под контрола, како во Шпанија.

„Многу е веројатно дека ќе имаме втор епидемиски бран оваа есен или зима”, нагласуваат научниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот