Францускиот национален совет на лекари порачува: Потребно е вистинско затворање, загубена е контролата над пандемијата

Фото: mia.mk

Националниот совет на лекари во Франција повикува на „вистинско затворање таму каде што е потребно”, бидејќи, како што нагласуваат, земјата ја „изгубила контрола над епидемијата” со ковид-19, јави дописникот на МИА.

– Додека не бидеме масовно вакцинирани, било каде, каде што е сериозна ситуацијата, мора да се затвориме, пишува претседателот на Советот, Патрик Буе, во отвореното писмо објавено во весникот „Либерасион” и упатено до Емануел Макрон , кој вечерва треба да и се обрати на нацијата.

– Секој мора да го стави здравствениот императив пред било кој друг и да ја земе во предвид оваа нова ситуација: вирусот победува, продолжува тој, оценувајќи дека „за многу од оние кои секој ден се соочуваат лице в лице со ковид-19, се чини дека ја изгубивме контролата над епидемијата”.

– Пациентите се сè помлади, контаминацијата во училиштата се исто толку зачудувачки показатели за ова континуирано влошување на состојбата веќе неколку недели, потенцира Патрик Буе, кој предупредува на можноста за „преполнетост” на одделенијата за реанимации.

– За неколку дена, лекарите ќе треба да избираат помеѓу пациентите според немедицински критериуми, едноставно поради недостаток на средства или достапна опрема. Oва прашањеќе се постави пред нас на краткорочен план, со сето свое насилство. Соочени со ужасно сериозна ситуација, ни се наметнува потреба од построги мерки, а со тоа и за вистинско ограничување таму каде што тоа е потребно, инсистира претседателот на Националниот совет на лекари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот