Францускиот фудбал остана без повеќе од милијарда евра поради коронавирусот

EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Стуидијата на ревизорската и консултантска компанија „Ернс и Јанг“ откри дека загубите на Лига 1 и на францускиот фудбал поради коронавирусот ќе изнесуваар речиси 1.3 милијарди евра.

Екипите од Лига 1 ќе останат без заработка од 605 милиони евра што претставува пад од 22 проценти во однос на прогнозата направена на почетокот од сезоната. Најголемите загуби очекувано се од ТВ правата и тие изнесуваат 213 милиони евра по прекинот на сезоната.

„Ернст и Јанг“ предвидува дека доколку следната сезона биде дозволено стадионите да бидат исполнети со 50 проценти од капацитетите, тогаш загубите на екипите од Лига 1 би изнесувале 413 милиони евра.

Доколку остана на сила одлуката на француската влада да има највеќе 5.000 гледачи на спортските настани тогаш загубите ќе скокнат на 600 милиони евра. Ревизорот предвидува дека поради загубите екипите ќе бидат приморани да отпуштаат луѓе и се предвидува дека тој број би изнесувал помеѓу 3.400 и 8.000 лица.

За да се намали влијанието на кризата на екипите, синдикатот на фудбалери но и здружението на фудбалски екипи преговараат со француската влада и тие бараат да се врати „правото на имиџ“ кое е укинато во 2010 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот