Француски шмек и балкански мелос со „Ана Кап, Џијан Емин и Гудачи“

Оваа сабота, на 29 февруари во Камерната сала на Филхармонија во 20 ч., концерт ќе има извонредното француско трио „Ана Кап“, заедно со македонскиот диригент и композитор Џијан Емин, како и со Гудачки квартет во состав: Марија Трајковска – виолина, Бојан Илкоски – виолина, Оливие Самуилан – виола (Франција) и Марија Михајловска – виолончело.

Ана Кап Триото – Пјер Миле, труба, Мануел Декок, виолина и Жан Мишел Трото, хармоника, веќе имаа концерт во Филхармонија кога го презентираа фантастичното „Траума шоу“.

Фото: Промо

Овој заеднички проект ќе донесе сосема нова музика, до сега неотсвирена, која во моментот се снима за нов албум кој треба да излезе за неколку месеци. Премиерно ќе бидат отсвирени композиции на Пјер Миле, Мануел Декок, Жан Мишел Трото и Оливје Самуилан.

Инаку, концертот „Ана Кап, Џијан Емин и Гудачи“ ќе претстави музика која во себе ги инкорпорира европските и балканските мелоси, а во кои се мешаат танцовите форми, џезот, класиката…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот