Француски напаѓач во Тетово, Шкендија ги победи Стоук, Аталанта..(ВИДЕО)

принтскрин/фејсбук/фк шкендија

Според француските медиуми фудбалерот се согласи за договор на три и пол години, беше дел од младите „триколори“ до У17 и У18.

Нов играч на Шкендија е 19-годишниот напаѓач Абубакер Ес Сахал (роден во Монпеље) кој досега ги бранеше боите на Гингамп (Генган).

Во сезоната 2017/2018 имаше четири натпревари, а лани 13 настапи и четири голови. Претходно беше дел и од У17 и У18 репрезентацијата на Франција.

View this post on Instagram

? Abou Es Sahhal ?⚫

A post shared by Shkëndija Football Club (@fcshkendija) on

– Бев заинтересиран за клубот кој го има освоено шампионатот и има куп титули, настапувајќи многупати во плејофот на Лига Европа и е најдобриот клуб во Македонија. Бев добро примен и се надевам на позитивни резултати. Ветувам дека ќе го дадам најдоброто од себе и „црвено-црниот“ дрес – вели Ес Сахал.

Според француските медиуми фудбалерот се согласи за договор на три и пол години, до летото 202. Претходно во трката за услугите на Ес Сахал се наоѓаа уште Вулверхемптон, Стоук Сити, Аталанта, а имаше интерес и од португалската Бенфика.

Фудбалерите на тренерот на Ѓока ги водат зимските подготовки во Анталија каде што преку пријателски мечеви ја темпираат формата за пролетниот дел од сезоната.

Претходно клубот го засилија Алмир Далку, Валон Ахмеди, Алдаир Нето и Јан Кривак, а си замина Бразилецот Жуниор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот