Француски милијардер го престигна Бил Гејтс: Американецот веќе не е вториот најбогат човек во светот

Американскиот милијардер Бил Гејтс за прв пат во седум години се најде на третата поизиција на листата на најбогати луѓе на светот, со што ова всушност е „најниската“ позиција на Американецот.

Според Блумберговиот индекс на милијардери сега коосновачот на Мајкрософт се најде на трето место поради Французинот Бернар Арно.

Арно им се приклучи на двајцата најбогати луѓе минатиот месец, кога неговото богатство достигна 100,4 милијарди долари.

Бернар поседува околу половина од францускиот конгломерат LVMH , моден ланец во чија групација, со исклучок на „Луј Витон”, се наоѓаат уште 70 светски познати брендови.

Тој е сопственик и на францускиот весник „Ле Парисиен”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот